Andaç Hongur,Çiğdem Pala,Sibel Kurtoğlu
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека секој, кај и да живее на светот, повеќе не може да ги избегне последиците од хуманитарните кризи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во ова спаѓаат сите природни катастрофи, од вооружени судири до терористички напади, од природни катастрофи до климатските промени. Границите, оддалеченоста, издигнати ѕидови и жичените огради нема да бидат доволни за да не држат надвор од проблемите. Најдобар пример за тоа е шестгодишната криза во Сирија која ја живееме на многу болен начин. Животите кои ги проголтаа бесните бранови на медитеранот и телата на невините деца на крајбрежјата се порака во вид на шлаканица кон човештвото. 12 милиони се раселени, од кои околу 5 милиони се дистрибуирани во различни земји и на оваа хуманитарна криза, освен неколку соседски земји никој не го положи тестот“, изјави претседателот на Турција Ердоган.
Претседателот Ердоган и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, одржаа заедничка прес-конференција.
Ердоган посака самитот да биде посредник за помошта кон сите сиромашни земји и целото човештво, додавајќи дека надежта на милиони луѓе е поврзана со пораките кои со нетрпение ги очекуваат по завршетокот на Самитот.
Претседателот Ердоган му честиташе на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и неговиот тим за водење на организацијата на Самитот и им се заблагодари на сите претседатели на држави и влади, министри, претседатели на делегации, претставници на организации и сите гости за присуството на Самитот ко се одржа во Истанбул.
За решавање на хуманитарните кризи со кои се среќаваме, Ердоган истакна дека првично одговорноста треба да ја понесат земјите членки.
- „Главната причина на проблемот е рамнодушност на глобалната свест“
Претседателот Ердоган истакна дека е потребно секој да ја преземаме одговорноста врз себе, особено развиените земји и додаде: „За жал денеска жртви од кризите се стотици илјади луѓе, кои ги губат своите животи, не e поради недостатокот на капацитет и ресурси, туку поради губењето на милост. Индиферентноста кон трагедии кои се последица на глобалната свест, се основната причина за нашите сегашни проблеми. Луѓето кои со напредни микроскопи ги истражуваат длабочините на космосот во потрага за живот, не ги гледаат болката, проблемите и кризитe кои се пред нив. Потребно е ова нарушување на глобалната свест да се исправи. Напорно работевме овие два дена за нашата иднина, иднината на нашите деца, внуци, за човештвото и сите наредни генерации.“
Доколку овој Самит има мал удел во подобрувањето на заедничката свест, претседателот Ердоган истакна дека тоа ќе го сметаат за успех и додаде:
„Навистина ќе ми биде жал доколку овој Самит остане само како евиденција од минато на еден од многуте состаноци на кои учесниците само зборувале и си заминале. Моите надежи и очекувања се Светскиот хуманитарен самит да биде посредник во хуманитарните решенија. Пружањето рака кон невините жртви на кои им е потребна помош е човечност.“
- „На Самитот учествуваа 9.000 претставници од 173 земји“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција како земја домаќин, следењето на резултатите од Самитот, нивно спроведување, ги гледа како дел од својата должност кон човештвото и додаде дека е свесен дека одговорноста не завршува со тоа.
Тој изрази уверување дека Турција покрај давањето на хуманитарна помош, извршува и многу сериозни активности во развој во областа на хуманитарна помош и додаде: „Сомалија е пример каде Турција создаде модели за човечки развој. Нашите хуманитарни активности кои го опфаќаат просторот од Балканот до Средна Азија и од Африка до Средниот Исток се производ на нашата историска поврзаност и одговорност која ја имаме кон чевештвото."
Ердоган на претставниците на медиумите им соопшти дека два дена одблиску го следи Самитот.
„Написите и коментарите, се од големо значење за жртвите од кризите, кои со нетрпение ги очекуваат резултатите од Самитот. Не заборавајте дека сте одговорни за засадените зрна надеж кај луѓето“, истакна Ердоган.
Меѓу другото, турскиот претседател Ердоган соопшти дека според официјалните податоците добиени од Страна на Обединетите Нации, на Светскиот хуманитарен самит учествувале 9.000 претставници од 173 земји, од кои 1.000 претставници се од Турција. Самитот го следеле 900 претставници на медиумите, со што Ердоган истакна дека вкупната бројка на присутни на Самитот е над 10.000 учесници.