Özcan Yıldırım
27 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од кабинетот на турскиот претседател, Ердоган на почетокот на разговорот изрази сочуство на рускиот претседател по повод пожарот во Кемеров.
Турскиот претседател упати сочуство и на целиот руски народ по повод трагедијата.
Двајцата претседатели исто така ја потврдија посветеноста на развојот на билатералните односи на сите полиња.
Ердоган и Путин разговараа и за трилатералниот самит за сириската криза кој ќе се одржи на 4 април во Анкара, со учество на Турција, Русија и Иран.
Потсетуваме, меѓу 64 лица кои ги загубија животите во пожарот во трговскот центар во градот Кемеров беа 41 дете, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации на Русија. Путин на 27 март го прогласи за ден на национална жалост поради трагедијата во Кемеров.