Sibel Kurtoğlu
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот н Турција Реџеп Таип Ердоган на митинот на поддршка на уставните промени во таа земја изјави дека референдумот на 16 април ќе биде пресвртница за иднината на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати пред стотици илјади граѓани во истанбулската населба Јеникапи, на митингот на поддршка на уставните промени пред референдумот за сетот уставни промен, кој во Турција ќе се одржи на 16 април.
„Ние својот пат го продолжуваме и ќе го продолжиме со мислењето 'зборот и одлуката му припаѓаат на народот'. Иако не е нешто ново во странство да се одржува кампања пред изборите, се обидоа тоа да го спречат. Што и да направат ние веќе надминавме, надминуваме и ќе надминуваме", рече Ердоган.
Рече дека веќе долго се бави со политиката и дека знае дека таквите кампањи се организираат.
„Зошто тогаш на овој пат сме соочени со обид за спречување? Бидејќи добро знаат дека ова изјаснување на граѓаните не се обични избори и носи карактеристика на пресвртница за иднината на Турција", порача Ердоган.
Зборувајќи за уставните промени кои имаат за цел смена на системот на водење на држава во Турција, Ердоган истакна дека фактот што Турција до сега сменила 48 влади, не ја покажува силата на нејзината демократија, туку нестабилноста на оваа земја.
„Ако ги погледнеме Соединетите Американски Држави (САД) и колку влади промени оваа земја. Со оваа земја во историја управуваа 17 претседатели. Кај нас тој број е 48. Во истиот период, Франција промени 11 претседатели. Велика Британија 15 пати формираше влада. Најголем број на формирани влади е Германија, која до денес доаѓа со 24 влади. Фактот дека ние 48 пати формиравме влада не ја покажува силата на нашата демократија, туку тоа покажува нестабилност", изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Нагласи и дека Турција, решително и со верба, ќе продолжи на својот пат. „Во толку кратко време сме оствариле таква револуција, што оние кои не гледаа од високо, сите останаа усрамени. И Западот дури рече 'тивка револуција'. Сега оние кои рекоа 'тивка револуција' се лути. Што и да направат, ние со вера и одлучност продолжуваме по својот пат", рече Ердоган.
На крајот порача дека Турција по референдумот за уставните измени ја очекуваат уште поголеми одговорности.
„Со оглед на точката во која се наоѓаме, на нас нема да ни бидат доволни само уставните промени. Ние сме соочени со уште поголема одговорност. Истанбул на 16. aприл треба да се каже такво „да" за да заигра срцето на секого, почнувајќи од оние кои пред 99 години со нозе го извалкаа го извалкаа овој благословен град, па се до оние кои со зли очи гледаат кон Турција", рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Во Турција право на глас имаат 55,3 милиони регистрирани галсачи кои за предложената уставна реформа и воведување на претседателскиот систем во таа земја ќе се изјаснат на денот на референдумот на 16. април, до кога и гласовите од дијаспората ќе бидат стасани во Турција.
Гласањето на турската дијаспора во неколку европски земји започна на 27. март, а процесот ќе биде завршен до 9. април. Околу три милиони турски државјани во дијаспората имаат право на глас, а бирачките места ќе бидат отворени во 120 дипломатски канцеларии во вкупно 57 држави.
Предлог на уставните реформи кој содржи вкупно 18 точки ја помина парламентарната процедура во јануари оваа година. Реформата предвидува поголеми овластувања на претседателот на државата, му овозможува да остане член на политичка партија, додека позицијата на премиер ќе биде укината.
Сите полнолетни граѓани ќе можат да се кандидираат за влез во државниот парламент, а моменталната бројка од 550 пратеници во парламентот ќе биде зголемена на 600.