Handan Kazancı
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турција нема да дозволи терористички коридор на својата јужна граница, порача денес претседателот на таа земја, Реџеп Таип Ердоган, посочувајќи ги терористичките групи ДАЕШ и ЈПГ, огранок на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нека не очекува никој од нас да се согласиме на терористички коридор на нашата јужна граница. Никогаш нема да дозволам терористички коридор на нашата јужна и на сириската северна граница. Сакам секој да го знае тоа”, изјави Ердоган во обраќање на медиумите во Анкара пред заминување на Самитот Г20 кој на 4 и 5 септември ќе се одржи во градот Хангџоу, во покраината Џеџанг, во Кина.
Во ракетните напади на терористичката организација ДАЕШ на турскиот пограничен град Килис од јануари загинаа десетици лица.
„Не можеме да се правиме дека не ги слушнавме ракетните напади од Џарабулус, на северниот дел од Сирија, на нашите градови” , рече Ердоган.
Силите на Ослободувачката војска на Сирија (ФСА), презедоа контрола над Џарабулус во рамките на офанзивата „ Штит Еуфрат ” кои на 24-ти август ја покренаа турската војска и коалициските сили. Целта на таа офанзива е јакнење на безбедноста во пограничниот појас, придонес на коалициската борба против тероризмот, како и елиминација на терористичките закани долж турската граница со Сирија.
Едоган изјави дека причината на офанзивата е да го обезбеди пограничниот регион со елиминирање на терористичките организации.
Како што изјави турскиот претседател, борбата против тероризмот и безбедноста ќе бидат главни теми на Самитот Г20, додавајќи дека ќе ги им ги изразат своите очекувањата на своите сојузници во врска со терористичките организации ФЕТО, ДХКП -Ц, ПКК, ПЈД, ЈПГ и ДАЕШ.
Се очекува турскиот претседател за време на Самитот да одржи состанок со рускиот колега Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама.