Özüm Yalkın
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган говореше на свеченото отворање на новата зграда на терминалот на аеродромот во градот Дијарбакир, кој има капацитет од годишен трансфер на 5 милиони патници, што ќе овозможи развој на туризмот, економијата трговијата и социјалниот живот на Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Ја осудувам поддршката која Америка им ја дава на ПЈД и ЈПГ“
Охрабрени од развојот на настаните во Сирија, Ердоган зборуваше дека оваа терористичка организација се обидува истата игра да ја постават и во Турција и продолжи: „ПКК, ПЈД, ДАЕШ, нема никаква разлика меѓу нив, сите се терористички организации. Во моментов, од Дијарбакир и се обраќам на Америка и ја осудувам поддршката која им ја дава на ПЈД и ЈПГ. Тоа не е зборот кој ни го дадоа. Јас сум човек кој верува во искрено спроеведување на политиката. Затоа, нашите пријатели, заедно со нас членки на НАТО, не треба и не смеат да испраќаат свои војници со симболи на ЈПГ. Ги молам оние кои сѐуште извукуваат ‘ЈПГ не е ПКК, ние ќе продолжиме да соработуваме со нив’ нека дојдат во Турција и од нас нека го ја научат лекцијата. Стоите на погрешно место. Само со зборување ‘Ние сме против тероризмот’, не се застанува спроти тероризмот. Ќе ви ги обезбедиме сите документи поврзани со терористичката организација. Ние зборуваме, но нивните чекори се погрешни чекори“ , рече Ердоган.
- „Зарем тие не нѝ ги запалија џамиите?“
Претседателот Ердоган, за запалените и срушени џамии од страна на терористичката организација изјави: „Тие се атеисти“ .
„Терористичката организација всушност не се пресметува со турската држава, туку со верувањето на регионалното население, историја и кутура" изјави Ердоган и додаде дека основна цел на големата поддршка која и се дава на терористичката организација, освен успехот во вооружените судири, е да се оддели регионалното население и неговите вредности од корените" , истакна Ердоган.
„Немојте да се грижете, оваа држава е праведна“, им порача претседателот на Турција Ердоган на присутните.