Admir Fazlagic
13 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - По повеќечасовен судски распит во Основен суд Скопје 1, осомничените во првиот случај на Специјалното јавно обвинителство "Титаник" градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески излегоа од зградата на судот, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Пустец,Темелко, кој уште денеска беше донесен на распит во Основен суд Скопје 1, излезе некаде околу два часот по полноќ, а Јанакиески кој во судот беше приметен некаде околу 21 часот, со својот адвокат од судот со приватно возило замина во 03 часот по полноќ.Тие не дадода изјави за медиумите.
Судскиот распит следуваше откако СЈО вчера на прес-конференција објави дека ја презема првата акција под името "Титаник". Од ова обвинителство соопштија дека првиот предмет што о презема ова Обвинителство е поврзано со криминализација на изборниот процецес за опстојување на власт.
Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, која е дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти дека истрагата е отворена за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на избирачки материјали, злоупотреба на средства од изборна кампања.