Şerife Çetin
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Започна вежбата за кризен менаџмент на НАТО (CMX 2017), која секоја година се организира со цел развој на способноста за одговор на можна криза, како и управување со кризи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на НАТО се наведува дека оваа вежба, која од 1992 година се реализира веќе 21. пат, започнува денес, а ќе трае до 11 октомври.
Според ова соопштение, вежбата ќе се спроведува во седиштето на НАТО во Брисел, во главните градови на земјите-членки на Алијансата, како и во некои стратешки команди. Се истакнува дека ниту една воена единица нема да учествува во вежбата.
„За време на вежбата ќе се користи фиктивно, но реално сценарио според член 4 и член 5“, се вели во соопштението на НАТО.
Како што се наведува во соопштението, целта на вежбата е развој на заедничкиот одбранбен капацитет на НАТО во рамките на донесените одлуки на Самитот во Варшава во 2016 година. Според ова соопштение, вежбата е проба за тоа како може да се даде поопсежен одговор на една криза во која се вклучени цивилни и воени елементи.
Исто така, се истакнува дека ќе се реализираат активности за развој на способноста на ЕУ и на НАТО за заеднички одговор на можна криза.
Според соопштеното, покрај земјите-членки, во оваа вежба ќе учествуваат и партнерите на НАТО, Финска и Шведска.