Ekipa
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Иако терористичката организација ЈПГ/ПКК тврди дека се повлекла од окупираниот Мунбич во северниот дел на Сирија, организацијата сѐ уште е присутна во градот и во неговите рурални делови, јавува Anadolu Agency (AA).
ЈПГ/ПКК преку социјалните мрежи објави дека од Мунбич ги повлекла таканаречените „единици - воен советник“.
Според информациите до кои дојде дописникот на АА од локалните извори, ЈПГ/ПКК сѐ уште е стационирана во центарот на Мунбич и во неговите рурални делови.
Организацијата која го крие своето присуство во центарот, под своја контрола го држи подрачјето кое на север се протега до брегот на реката Еуфрат, на запад до појасот Ајн Дадат и на исток до градот Ал Баб.
Вооружени елементи на таканаречениот „Воен совет“ на Мунбич, кој е дел од ЈПГ/ПКК, сѐ уште се присутни во центарот на градот и во неговата околина.
Елементите кои се поврзани со организацијата, особено се присутни на фронталните линии кои граничат со подрачјето од операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, по средбата со својот американски колега, во врска со Мунбич, изјави дека според договореното, во првата етапа ЈПГ/ПКК ќе се повлече од Мунбич, и соопшти дека пред да измине половината од шестмесечјето, Мунбич ќе ја добие својата стабилност.
АА во веста од 30 мај објави дека лидерите на организацијата започнале да се повлекуваат од областа, и притоа, ја сподели информацијата дека преостанатиот кадар на организацијата останал во Мунбич.