Besar Ademi
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, на прес-конференција ги презентираше препораките до Владата и локалните власти да преземат итни мерки за алармантната состојба со загадувањето на воздухот во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири бара Градот Скопје и општина Тетово да ги интензивираат активностите за да се расчистат патиштата, надлежните органи да извршуваат исклучителни проверки и секојдневни контроли во инсталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи , а во соработка со Министерството за здравство да се воведе мерка на сите правни субјекти (работодавачи) во Градот Скопје и oпштина Тетово за ослободување од работни обврски на хронично болни, бремени жени и лица постари од 60 години.
Се препорачувада се зголеми фреквенцијата на јавните автобуси и да се намали цената на билетот. Исто така се препорачува за време на алармантната состојба на загадувањето на воздухот да се намали трудот на индустриските капацитети во соодветните единици на локалната самоуправа, како и да се прекинат градежните активности и вработените кои работат на отворено да се ослободат од нивните работни обврски.
"Ова се мерките кои ние ќе и предложиме на Владата и единиците на локалната самоуправа, за излез од ситуацијата. Се надеваме дека ќе дадат резултати, бидејќи од Хидрометеоролошкиот завод имаме информации дека во наредните денови, ситуацијата ќе биде уште потешка од оваа", изјави министерот Изаири.
Тој апелираше до граѓаните да го користат јавниот превоз, возилата да не се користат доколку нема голема, повеќе луѓе да патуваат со возило во исто време и и да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ-амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.
Министерот Изаири најави дека во врска со другите мерките кои ќе бидат препорачани на Владата, за кои дополнително ќе дискутира Комитетот за здравје и животна средина. Се работи за мерките: Град Скопје да се воведе мерка во сообраќајот со режимот пар непар и во соработка со единиците на локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика да се препорача децата од предучилишна возраст да не се носат во градинка. комитет на животната средина од таму ќе биде известено времето на седницата на Владата, која ќе се расправа за мерките за загадувањето на воздухот.
Во период подолг од десет дена, во некои делови на Република Македонија, особено во Скопје и Тетово, присуството на штетните честички во воздухот (PM10) е многу повисоко од дозволеното ниво, а како резултат на ваквата состојба следуваа масовни протести организирани од страна на граѓанските здруженија.