Eshat Fırat
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Се одложи гласањето во Генералното собрание на израелскиот Парламент, во врска со предлог-законот со којшто се предвидува забрана на повикот за молитва, со звучници од џамиите, со образложение дека ова „предизвикува акустично оптоварување – загадување“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на израелскиот телевизиски канал 10, гласањето во Генералното собрание во врска со забрана на повикот за молитва, со звучници од џамиите, е одложено поради противењето на Јахадут ха-Тора, една од верските еврејски партии во израелскиот Парламент (Кнесет).
Министерот за здраство од редовите на Јахадут ха-Тора, Јакуп Литзман, истакна дека забраната на повикот со звучници ќе се одрази и на еврејските ритуали и дека е против предлог-законот за забрана на повикот за молитва, со звучници.
Јакуп Литзман, кој е лидер на партијата Јахадут ха-Тора и кој се противи на овој предлог-закон, доби поддршка и од еврејската партија Шаш, еврејската партија Кулану, како и од Обединетата арапска листа.
Заедно со одложувањето на предлог-законот, премиерот Бенјамин Нетанјаху треба да утврди нов датум со цел предлог-законот повторно да биде разгледан во Генералното собрание. Предлог-законот, кој за јавноста е познат како „забрана на езанот“, беше усвоен во неделата навечер во законодавната комисија на израелскиот Парламент, а потоа беше претставен во собранието.
За да биден одобрен и за да се спроведува, законот којшто поради „акустично загадување“ предвидува забрана на повикот за молитва со звучници треба да помине низ три лавиринти во израелскиот Парламент Кнесет. Предлог-законот што предизвика големи реакции меѓу Палестинците и во исламскиот свет, и преходно бил актуализиран, но не бил одобрен.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во својата писмена изјава вчера истакна дека го поддржува предлог-законот со којшто се предвидува забрана на повикот за молива со звучници, со образложение дека „предизвикува врева и ги вознемирува луѓето“.