Mustafa Deveci
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Појасот Газа кој е под блокада, израелските војници спроведоа рација во бегалски камп, при што ранија 13 и приведоа деветмина Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, голем број израелски војници утрово извршија рација во палестинскиот бегалски камп „Ал Амари“ во близина на Рамала.
Како реакција на рацијата, дошло до расправија меѓу израелските војници и Палестинците.
Израелските војници со цел да ги растераат Палестинците, употребиле пластични куршуми и солзавец.
Според изјавата на министерот за здравство на Палестина, израелските војници во нападот раниле 13 Палестинци.
Во рацијата спроведена во бегалскиот камп, израелските војници привеле 9 Палестинци.
- На Западниот Брег приведени 11 Палестинци
Од друга страна, израелските војници кои под окупација го држат Западниот Брег, на повеќе локации приведоа 11 Палестинци.
Израелската армија излезе со тврдење дека 11-те Палестинци се приведени поради учество во „терористички активности“.
Израелските сили кои под окупација ги држат Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), речиси секојдневно спроведуваат рации и под најразличен изговор приведуваат Палестинци.
Според палестинските официјални податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци, од кои 450 административни затвореници, 12 пратеници и 300 деца.