Kurbani Geyik
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин, спречувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган да им се обрати преку видео линк на присутните на митингот за поддршка на Турција во германскиот град Келн, ја оцени како спротивна на демократијата, слободата на изразување и слободата на собирање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тешкотиите во врска со безбедносните мерки во текот на подготовките на митингот попримија нови димензии со одлуката на Уставниот суд на Германија во врска со спречувањето на обраќањето. Митингот со цел поддршка на демократијата, слободата и владеењето на правото требаше да биде поддржан и поздравен, а не спречен, што е спротивно на основите на демократијата, слободата на изразување и слободата на собирање”, рече Калин.