Cuneyt Davut
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
КИЧЕВО (АА) – Во Кичево, граѓаните одржаа собир со кој го осудија обидот за државен удар во Турција и ја дадоа својата поддршка за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Во центарот на Кичево, Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) организираше собир на кој покрај големиот број граѓани, свое учество земаа членови од амбасадата на Република Турција, директорот на Институтот Јунус Емре, пом. доц. д-р Мехмет Самсакчи и претставници на турските институции во Македонија.
Граѓаните од сите возрасти со турски знамиња во рацете и фотографии на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и различни пароли ја искажаа својата поддршка за Турција и нејзината легитимно избрана власт.
- „За нас е грев да се биде домаќин на овие предавници“
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, во својот говор за време на собирот истакна дека обидот за државен удар од страна на ФЕТО, била акција која имала за цел да ја поткопа стабилноста на Турција, но дека го добиле потребниот одговор од турскиот народ.
Претседателот на МАТУСИТЕБ рече дека турскиот народ со својата епска борба која ја покажа за демократијата и заштитата на државата, напиша една нова херојска приказна, истакнувајќи дека е потребно предавниците на соствената земја и народ, кои и пркоселе на волјата на нацијата, во најкусо време да одговараат пред лицето на правдата.
За членовите на ФЕТО кои ги има на сите страни од светот, Ибрахим рече дека се присутни и во Македонија.
„Како синови на Фатих, за нас е грев да им бидеме домаќини на овие предавници. Наша должност е да ги протераме од Румелија, омиленото место на Османлиите“, рече претседателот на МАТУСИТЕБ.
По одржаните говори на собирот организиран под мотото „Поддршка за националната волја, Не за обидот за пуч“, се одржа молитва за турската држава, нејзиниот народ, сите загинати (шехиди) и ранети во обидот за државен удар.