Zülfiya Yakup
26 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ПРИШТИНА (AA) - Пратениците на опозицијата фрлија солзавец во пленарната сала на Собранието на Косово во текот на говорот на последно пријавениот говорник во текот на дебатата за избор на Хашим Тачи за претседател на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседавачот со Собранието даде пауза. Претходно околу два часа се водеше остра дебата за кандидатот за претседател, поточно сите пратеници од опозицијата изнесоа низа обвиненија за досегашната работа на лидерот на Косово Хашим Тачи.
На протестот на опозицијата пред Собранието повеќе стотици собрани граѓани бараат промена на Владата и извикуваат пароли против Тачи и Владата. Приврзаниците на опозицијата од вторник во шаторите на платото пред Собранието на Косово и протестирајќи бараа пад на актуелната косовска власт и против изборот на Тачи за претседател.
Пратениците од опозицијата шест месеци ја блокираат работата на Собранието на Косово во знак на противење на договорите за заедница на општини со српско мнозинство и демаркација на границата со Црна Гора.
Откако кон крајот на минатата година Уставниот суд констатираше дека формирањето на заедницата не е во потполност во склад со Уставот, опозицијата почна да бара оставка од Владата и распишување вонредни избори.
На претседничката на Косово,Атифете Јахјага на седми април и истекува мандатот и според законот новиот претседател треба да биде избран 30 дена пред истекување на нејзиниот мандат. Доколку пратениците до 7 март не изберат нов претседател, автоматски се оди на вонредни парламентарни избори.