Agon Fehmiu
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовоската полиција потврди дека утринава околу три часот дошло до силна експлозија во Зубин Поток, во салата во која српскиот премиер треба да одржи говор, во текот на денешната посета на Косово, јавува Anadolu Agency (АА).
„Силна експлозија се случи нешто после три часот изутрина на паркингот пред Спортската сала во Зубин Поток, при што е оштетен еден приватен автомобил. Во експлозијата нема жртви и повредени. Се смета дека експлозивната направа всушност е рачна граната. Оваа експлозија била следена со пукотници кои најверојатно потекнуваат од автоматско оружје, а детали за ова ќе дознаеме кога ќе заврши истрагата”, рече Бесим Хоти, заменик директор на косовската полиција.
Тој додаде дека Вуќиќ во моментот е во посета на северниот дел на Косово и дека таа посета тече без инциденти.
По посетата на рудникот Трепча, Вучиќ треба да им се обрати на граѓаните со што ќе ја заврши еднодневната посета на северниот дел на Косово.
Посетата на српскиот премиер и лидер на Српската Народна Странка (SNS) се одвива во време на предизборна кампања за парламентарните избори во Србија закажани на 24-ти април.