Enes Kaplan
12 Април 2016•Ажурирано: 13 Април 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека Кралот на Саудиска Арабија, Селман Бин Абдулази, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралот Селман и неговата кралска придружба со коњаници беа спроведени до капиите на претседателската палата.
Претседателот на Турција, Ердоган, Кралот Селман го пречека на влезот од претседателската палата.
Откако Ердоган и Селман ги заземаа своите позиции на местото од церемонијата, по поздравните 21 плотун од топ, беа изведени химните на двете земји. На церемонијата Кралот Селман на арапски го поздрави почесниот полк. На церемонијата, место земаа и 16 знамиња и војници од историјата на создавањето на Турската држава.
По презентирњето на делегациите од двете земји, Ердоган и Кралот Селман на скалите пред турското и Саудиското знаме се ракуваа позирајќи им на претставниците на медиумите.
Покрај Премиерот Ахмет Давутоглу, Началникот на ГШ на војската, генерал Хулуси Акар, помошник-премиерот Љутфи Елван, на церемонијата за дочек место најдоа и многу други пртставници на владата на Турција.