Admir Fazlagic
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Последната рунда разговори за Мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Грција се одржа во Скопје на 25 април 2016 година, а во склад со договорот меѓу двете Министерства за надворешни работи постигнат во Скопје, на 24 јуни 2015 година, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од македонското МНР известуваат дека разговорите се одржаа во пријателска и конструктивна атмосфера, а се разговараше за билатералниот дијалог, енергијата, миграциите, стопанството и други важни теми.
"На разговорите, меѓу другото, се дискутираше за соработката меѓу двете Министерства, како и за билатералниот дијалог по прашањата како што се интерконекциите/енергијата, миграцијата, соработката во рамките на програмите од ИПА II и во рамките на TAIEX, стопанството, здравствената заштита, културата, јавната администрација, образованието и цивилната заштита".
Во рамките на разговорите се потпиша и Меморандум за разбирање меѓу Универзитетот Свети Апостол Павле-Охрид и Универзитетот во Пиреја.
Покрај ова, како се наведува во соопштението разговорите во оваа насока ќе се одржат и во јуни.
"Одлучено е следната рудна на разговори за Мерките за градење доверба да се одржи во јуни, во Атина", соопшти МНР.