Sibel Uğurlu
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
РОТЕРДАМ (АА) - Муслиманите во Холандија побараа безбедносни мерки против расистичките и терористичките напади на ПКК врз исламските организации и џамиите, јавува Anadolu Agency (AA).
Загрижени за порастот на исламофобичните напади во земјата во последните години, муслиманите сакаат да бидат преземени безбедносни мерки не само во главниот град Амстердам, туку и низ целата земја. Покрај расистичките напади, тие се принудени да се заштитат и од припадниците на ПКК.
Али Деде Таш, челникот на Фондацијата „Гејлани“ во Ротердам, за AA изјави дека луѓето што ја посетуваат џамијата за молитва, како и децата што доаѓаат на религиозна настава, се чувствуваат вознемирено.
„Постојано сме во состојба на вознемиреност и загриженост дали некој ќе фрли нешто во секој момент од нападот на нашата џамија минатата година“, рече Таш.
Тој, исто така, ја повика холандската Влада да преземе мерки против нападите што е можно поскоро, без да чека нешто да се случи.
„Холандските власти не го осудија минатогодишниот напад напад на џамијата, што претставува расистички пристап. Тие не воведоа безбедносни мерки, дури не дадоа ниту успокојувачка порака“, рече Орхан Келеш, турски иселеник.
„Синагогите се заштитени секаде низ земјата. Ние не сме против ниедна религија, и тие треба да бидат заштитени“, истакна Келеш додавајќи „Џамиите се подложени на повеќе напади и не разбираме зошто џамиите не се заштитени“.
Според европскиот извештај за исламофобија за 2017 година, порастот на исламофобијата земал замав во Европа.
Извештајот открива 908 кривични дела, од вербални и физички напади до обиди за убиства, кон муслиманите во Германија, 664 такви дела се регистрирани во Полска, 364 во Холандија, 256 во Австрија, 121 во Франција, 56 во Данска и 36 во Белгија.
Извештајот е подготвен од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (SETA) со седиште во Анкара.