Ayşe Böcüoğlu Bodur,Mustafa Çalkaya
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Во испитувањето на цените на храната и алкохолот, кој е вршен во 37 земји, меѓу кои се наоѓаат и земји од ЕУ, највисок индекс на цените со вредност од 173 има Швајцарија, додека Македонија е земја со најнизок индекс од 58. Турција со иднекс 90 е на 23-то место, јавува Anadolu Agency (AA)
Турскиот завод за статистика го презентираше паритетот на куповната моќ (храна, алкохол и цигари) за 2015 година.
Индексот на нивото на цените, ја покажува куповната моќ во согласност со девизниот курс спореден со националните валути на земјите. Една земја која има индекс на нивото на цените над 100, се смета за „скапа" земја, а доколку индексот е помал од 100, тогаш земјата е „евтина".
Во групата за индекс на нивото на цените за храна и алкохол, Македонија се наоѓа на последното место со индекс 58, т.е. е најевтина земја, додека Турција се наоѓа на 23 место со индекс 90. Оваа вредност, во групата за храната и алкохол, го претставува просекот на истата кошница на стоки и услуги купени во земјите-членки на Европската унија во просек за 100 евра. Тоа покажува дека истата кошничка со производи од групата за храна и алкохол, во Македонија може да се купи за 58 евра, во Турција 90, додека таа иста кошничка во Швајцарија изнесува 173 евра.
На табелата се претставени 28 земји-членки на ЕУ, три членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА - Швајцарија, Исланд и Норвешка), пет земји кандидати за членство во ЕУ (Македонија, Турција, Црна Гора, Србија и Албанија) и една земја потенцијална членка (БиХ).
Листата на индексот за ниво на цените за храна и алкохол (ЕУ28=100) почнувајќи од 2015 година е следнава:
| Држава | Ниво на цените |
Швајцарија
| 173 |
Норвешка
| 159 |
Данска
| 145 |
Исланд
| 130 |
Шведска
| 124 |
Австрија
| 120 |
Финска
| 119 |
ирска
| 119 |
Луксембург
| 116 |
Англија
| 111 |
Италија
| 110 |
Франција
| 109 |
Белгија
| 108 |
Јужен Кипар
| 107 |
Малта
| 104 |
Германија
| 103 |
Грција
| 103 |
ЕУ 28
| 100 |
Холандија
| 98 |
Словенија
| 96 |
Португалија
| 94 |
Шпанија
| 92 |
Хрватска
| 91 |
Турција
| 90 |
Словачка
| 89 |
Летонија
| 89 |
Естонија
| 88 |
| Чешка | 79 |
Унгарија
| 79 |
Литванија
| 78 |
Црна Гора
| 78 |
| БиХ | 74 |
Бугарија
| 70 |
Србија
| 69 |
Албанија
| 68 |
Романија
| 64 |
Полска
| 63 |
Македонија
| 58 |