Abdullah Doğan
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
КОЊА (AA) - Милиони жители на Сирија ги напуштија своите домови и избегаа од своите градови поради нападите на силите на Асад, потпомогнати од руските воздушни сили, а денес најмалку 4,5 милиони од нив се "бегалци во рамките на својата земја", јавува Anadolu Agency (AA).
Хасан Ајнаџи, заменик-претседателот на турската хуманитарна организација ИХХ, организацијата која од почетокот на војната во Сирија во оваа земја доставува хуманитарна помош на сириските бегалци, зборуваше за последните случувања околу бегалската криза.
Тој рече дека нападите на територијата на Сирија со поддршка на руските авиони резултираа со нов бегалски бран, кои се упатија кон границата со Турција.
"Со цел да им помогнат на бегалците на граница, невладините организации во Турција покренаа хуманитарни акции и моментално се испорачува помош во храна и облека, со оглед сега е зимски период", рече Ајнаџи.
Тој рече дека моментално на териорија паралелно со границата на Турција, се наоѓаат повеќе од 90 илјади сиријски бегалци.
"Нашите стручни тимови се упатија кон границата. Подигаме шатори. Турција до сега прими 2,5 милиони Сиријци и владата за тоа издвои големи средства. Турција може да прими уште толку бегалци, но сметаме дека тоа не е решение. Околу 4,5 милиони Сиријци се приморани да го напуштат својот дом. Денес тие се бегалци во својата земја", рече Ајнаџи.
Војната во Сирија започна со насилни обиди на силите блиски до режимот на претседателот Башар ал-Асад да ги потиснат антирежимските протести, а подоцна нападите на положбите на бунтовниците ги поддржаа и Асадовите сојуцници Русија, Иран и Хезболах, кои и понатаму со опсада на градовите под контрола на опозицијата спречуваат доставување на храна и лекови на тамошното население.
Во Извештајот на Центар за политички истражувања во Сирија исто така се наведува дека просечниот животен век на Сириец од предвоените седумдесети, е намален на 55,4 години. Нагласувајќи дека во текот на војната на Сирија е раселено 45% од населението, во Извештајот се наведува дека четири милиони Сиријци избегале надвор од својата земја,а шест милиони се раселени внатре во територијата на Сирија.
Сириската економија претрпе штета од 255 милијарди долари поради војната додека 13,8 милиони Сиријци останаа без извори на приходи.