Sinan Uslu
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
АНКАРА (АА) – По обидот за државен удар од 15. јули, под обвинение дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, против 141 лице од персоналот на Националната разузнавачка служба (МИТ) се води истрага. За 100 лица истрагата е завршена, а 87 од нив се отстранети од функција. Против 52 лица е подигната кривична тужба, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сегашните информации, завршена е истрагата за 100 лица, од вкупно 141, од персоналот на Националната разузнавачка служба, кои беа повлечени од функцијата по обидот за државен удар од 15. јули.
По завршената истрага за 100-те вработени, 87 од нив беа повлечени од вршење јавна функција според одредбата број 667 од Законот за вршење јавна функција. Овие лица нема да имаат право да работат во државна институција.
Досиејата на педесет и двајца од овие 87 отпуштени, заедно со резултатите од истрагата и доказите против нив се испратени до обвинителството и против нив е поднесена кривична пријава.
Се дознава дека истрагата за уште 41 лице од персоналот што е повлечен од функција, наскоро ќе биде завршена.
По обидот за државен удар од 15. јули, 141 лице беа повлечени од вршење на функцијата во Националната разузнавачка служба, поради истрагата за нивната поврзаност со ФЕТО којашто трае.
Претходно беа поднесени кривични пријави против некои вршители на функција во службата поради поврзаност со ФЕТО, и тие беа уапсени.