Diyar Güldoğan
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
СОЧИ (АА) - Анкара и Москва се согласија да ги продлабочат билатералните односи, рече денес турскиот претседател, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние се согласивме да ги продлабочиме нашите односи“, изјави Реџеп Таип Ердоган на прес-конференцијата со својот руски колега, Владимир Путин, во претседателската резиденција во приморскиот град Сочи на Црното Море, по состанокот на двајцата лидери.
Ердоган додаде дека му е многу мило што односите меѓу Анкара и Москва достигнаа многу напредно ниво.
Тој ја потврди желбата на Турција за зголемување на обемот на меѓусебната трговија на 100 милијарди долари, но додаде дека за постигнување на оваа цел треба сите ограничувања [кон Турција], вклучувајќи го и укинувањето на визната забрана за бизнисмените“.
Откако Турција го собори рускиот воен авион поради прекршување на турскиот воздушен простор во ноември 2015 година, Москва презеде неколку мерки против Анкара, вклучително и забрана за увоз на турски земјоделски производи и завршување на безвизното патување за Турците.
Во јуни Москва ја укина забраната за некои земјоделски производи, како и за турските фирми вклучени во градежништвото, инженерството и туризмот.
Путин истакна дека Русија и Турција го достигнале нивото од пред кризата.
Лидерите разговараа за билатералните односи како и за регионалните и меѓународни случувања, особено за ситуацијата во Сирија.