Ahmet Sait Akçay
08 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 32 терористи на ДЕАШ се неутрализирани во северна Сирија во последните 24 часа како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, соопшти денес турскиот Генералштаб, јавува Anadolu Agеncy (AA).
Исто така во соопштението се вели дека во текот на истиот временски период, од страна на Умерената сириска опозиција со поддршка на турските сили уништени се 292 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа на терористичката група, штабови, одбранбени позиции и возила.
Турските воздухопловни сили уништиле 35 цели на ДЕАШ во подрачјето на Ал Баб, Сафланије, Бзагах и Кабр ал Мукри, вклучувајќи контролни пунктови, засолништа, штабови и возила користени од страна на терористите, се додава во соопштението.
Турската армија ѝ дава поддршка на Умерената сириска опозиција со цел ослободување на Ал Баб, стратешки град за ДЕАШ, од терористичката група.
Денес офанзивата „Штитот на Еуфрат“ влегува во 138. ден.
Во соопштението се додава и дека од почетокот на офанзивата, на 24. август, деминирани се вкупно 2.817 експлозивни направи.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, предводена од Турција, започна кон крајот на август со цел подобрување на безбедноста, поддршка на безбедносните сили и елиминирање на терористичките закани долж турската граница.