Ekipa
07 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
НИШ/ПРИШТИНА (АА) По излевањето на реките на територијата на општина Чачак, Лучани, Ариље и баина Башта во Србија е прогласена вонредна состојба. Запрен е сообраќајот на патниот правец Лучани-Гуча и Гуча-Чачак преку Јелица, а поплавени се над 500 хектари обработливо земјиште, јавува Anadolu Agency (АА).
Се прават насипи а Штабот за вонредни состојба постојано заседава, бидејќи нивото на водените текови и понатаму расте.
Според нивните информации, 53 лица се евакуирани покрај Чачак, но тоа не е конечен број, бидејќи евакуацијата и понатаму е во тек изјави за АА началникот на Одделението за вонредни состојби во Чачак, Драгиша Брочиќ.
Сите евакуирани лица се сместени во прифатилишта подготвени во Коњевиќи и Чачак.
Од синоќа од поплавеното подрачје во селата Kоњевиќи и Прељина покрај Чачак се евакуирани 420 лица.
Лошите временски услови, проследени со пороен дожд кој го зафатиja и Косово во утринските часови, предизвикаа поплави во градот Пеќ на Косово.
Општината Пеќ на својата официјална веб-страница веднаш ги алармира граѓаните и најави дека во градот е прогласена вонредна состојба поради големите врнежи од дожд. Градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери итно основа штаб за итни случаеви со цел справување со ситуацијата а прекината е и наставата во сите училишта во градот.
Во меѓувреме, АА контактираше со директорот за култура, млади и спорт на Општина Пеќ, Енгелберт Зефај, кој наведе дека ситуацијата во градот е стабилизирана а реките кои се закануваа со излевање, се вратија во своите корита.
Инаку, Хидрометеоролошкиот институт и Агенцијата за заштита на животната средина на Република Косово за денес предупредија на големи врнежи од дожд во Косово, алармирајќи ги општините во различни делови на Косово да бидат подготвени.
Меѓу општините кои изложени на ризик е и главениот град, Приштина, особено во попладневните и вечерните часови, кога се очекува да се врнежите од дожд да се интензивираат.
Поради невремето во Црна Гора, синоќа без струја останаа пет општини во земјата. Невремето пратено со град, пороен дожд го зафати подрачјео на Подгорица. Во јужниот дел на Црна Гора беа зафатени со силен ветар, а на северот од земјата имаше врнежи од снег.
Од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија најавуваат дека дека врнежите од дожд ќе се интензиираат кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови на земјата, кои ќе имаат пороен карактер. Изразен е ветерот од јужен правец кој најмногу го зафати Повардарието и источните делови на земјата.