СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, по средбата со неговиот чешки колега Љубомир Заоралек, кој е во посета на Македонија, изјави дека Македонија ќе ги третира бегалците на хуман начин и ќе се обиде да ги обезбеди сите нивни потреби, но нема да дозволи Македонија да се претвори во „земја паркиралиште за мигранти", јавува Anadolu Agency (AA).
Попоски истакна дека очекува од сите земји погодени од бегалската криза да ги преземат своите обврски, како што рече тој, почнувајќи од Турција, каде што има над два милиони бегалци, како и земјите од Шенген зоната, како што е Грција и сите други земји кои се наоѓаат на Балканската рута.
„Бараме решение во кое и Грција ќе биде дел од неа. Грција е наш сосед и не е во нашн интерес Грција да се соочи со метежот и да не би можеле да ги решат проблемите. Сепак, ние нема да дозволиме да се применуваат еднострани одлуки кои ќе бидат на наша штета. Штета за вас би било доколку Грција се претвори во паркилиште за мигранти, но во никој случај нема да дозволиме Македонија да се претвори во паркилиште за мигранти. Пред се имаме економски, туристички и инвестициски интереси, кои се исти и во двете земји и не сме инвестирале многу енергија за градење на доверба со Грција за сега да бидеме во позиција на конфронтирање”, изјави министерот Попоски.
Во врска со воспоставување на железничка врска за транспорт на бегалци од Македонија директно до Европската унија, министерот Попоски рече дека сè уште не е донесена таква одлука, и додаде дека тоа е одлука што треба да се донесе од страна на сите земји а не одделно.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Република Чешка, Љубомир Заоралек, ја поддржа изјавата на неговиот македонски колега и повтори дека сите земји погодени со бегалската криза мора да се вклучат и да ги исполнат своите обврски за решавање на оваа криза.
„Република Чешка помага не само со хуманитарна помош, туку Чешка испрати 27 полицајци испомош на границата. Исто така, разговаравме за продлабочување на соработката и изнаоѓање можности за пружање помош, бидејќи Република Чешка не сака само да гледа од страна што се случува, туку и да учествува во решавање на кризата со која се соочуваме. Ние ќе ја продолжиме нашата соработка со сите земји, без оглед дали тие се дел од ЕУ или не. ЕУ е единица која може да функционира заедно и која заедно може да ги реши сите проблеми со кои се соочуваме”, рече министерот.
Министрите за надворешни работи на двете земји, освен темата на бегалците, исто така, разговараа и за членството на Македонија во ЕУ, како и за развој на економската соработка помеѓу двете земји. За да се забрза процесот на интеграција, шефовите на дипломатиите на двете земји констатираа што е можно побрзо да се спроведат сите точки од Договорот меѓу главните политички партии, како и предвремените парламентарни избори да се одржаат на време и на демократски начин.
По повод 25-годишнината на Вишеградската група и на отворањето на изложбата за историјата на соработката помеѓу земјите од Вишеградската група, шефот на чешката дипломатија, Заоралек, заедно со неговиот македонски колега, министерот Попоски, се обрататиjа во ЕУ Инфо центарот, каде присуствуваа и 27-те претставници на чешката полиција, кои од 4-ти февруари до 19-ти март ќе помагаат во олеснувањето на бегалската криза на јужната граница.
Вишеградската група, која се состои од Полска, Унгарија, Чешка и Словачка и која е основана во 1991 година, претставува група од четири земји од Централна Европа, формирана со цел интегрирање на заедничка евро-атлантска интеграција на четирите држави, кои успеаа да влезат сите заедно во ЕУ и НАТО на 1-ви мај 2004 година.
news_share_descriptionsubscription_contact


