Fatih Erel
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
МОНТ ПЕЛЕРИН (АА) - Со цел да се најде решение за кипарското прашање, во швајцарскиот град Монт Пелерин, под покровителство на Обединетите нации (ОН), во тек е третиот ден од преговорите и за првпат на маса ќе биде поставено прашањето за териториите.
Во првите два дена од преговорите беа разгледувани прашања од економијата, сопственоста, Европската Унија и поделбата на раководството и моќта, со цел да се затворат овие прашања, за кои претходно имаше постигнато одредена согласност. Иако прашањето за сопственоста имаше одредени напредувања, на крајот од вториот ден остана незатворено.

Според информациите добиени од дипломатски извори, на третиот и четвртиот ден од преговорите ќе биде разгледувано прашањето за поставување на темелите на поделбата на териториите и формирање на административна граница на основачите Турски Кипар и Грчки Кипар, на федералниот обединет Кипар.
Доколку бидат утврдени критериумите, ќе се премине во третата фаза од преговорите и на последниот ден од средбата, на 11 ноември, ќе се одреди датумот за петчлената меѓународна конференција на која ќе учествуваат и Турција, Грција и Британија, а ќе бидат разгледани и договорените критериуми по прашањето за безбедност и гаранции, претставени на картата на едно фундаменално ниво.
Доколку не биде утврден датумот за петчлената конференција, тогаш на преговарачката маса нема да биде поставено прашањето за картата, и ОН во писмена форма ќе ги информира лидерите дека постигнатиот консензус во Кипар ќе биде нарушен и процесот нема да продолжи.
- Датум за петчлената конференција -
Во случај да се неуспешни напорите на ОН и дипломатските кругови и доколку не се одреди датум за петчлената конференција во Швајцарија, се проценува дека за тоа голема одговорност ќе сноси грчката страна.
Кипарското прашање е засновано врз 6 основни прашања: 1. Економија, 2. Европска Унија, 3. Сопственост, 4. Поделба на раководство и моќ, 5. Територија, 6. Безбедност и гаранции.
Преговорите траат речиси половина век. Во последните 18 месеци, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Мустафа Акинџи и лидерот на грчкиот дел од островот Никос Анастасијадис одржаа 57 средби, на кои разговараа околу 200 часа.
Во истиот период, преговарачите и делегациите од двете страни одржаа 129 средби, на кои разговараа околу 600 часа. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за напредокот во преговорите беше изјавил: „Имаме напредок каков што не е виден досега“.
- Средбата во Монт Пелерин беше најавена како претпоследна фаза од конечното решение за кипарското прашање -
На преговорите коишто започна на 25 октомври, лидерите се усогласија за 4 прашања во првите два дена, во преостанатите два дена од преговорите не успеаја да постигнат усогласување околу критериумите, беше предложено продолжување на преговорите.
Доколку се објави датум за петчлената меѓународна конференција на лидерите со претставниците за помирување на ОН, тогаш последниот ден од средбата, на 11 ноември ќе може да се разгледуваат усогласените критериуми за териториите пред карта. Претходно, во писмена форма, специјалниот советник на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде за ова ги информираше лидерите-учесници.
Преговорите за кипарското прашање се одвиваат во хотел околу кој е поставена голема безбедносна контрола и се очекува дека 5 дена нема да бидат давани официјални изјави и известувања за медиумите.
Преговорите за кипарското прашање во Швајцарија ќе завршат на 11 ноември.