Bayram Altuğ
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролот на канцеларијата за хуманитарна помош на ОН, Јенс Ларке одржа прес-конференција, на која изјави дека во рамките на итните безбедносни мерки, се прекинуваат сите активности на конвојот што пренесува хуманитарна помош за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ларке соопшти: „Решени сме да останеме во Сирија и да ја испорачаме потребната помош до секој во Сирија кому му е потребна". Оценувајќи го прекинот на хуманитарниот конвој, Ларке за дописникот на АА изјави дека до донесената одлука за прекин на активностите не била јасна ситуацијата со конвојот од 40 транспортни камиони коишто 6 дена чекаат пред влезот на Сирија, источно од Алепо.
- „Продолжуваме со програмата надвор од хуманитарниот конвој“
Портпаролот Ларке соопшти дека по нападот врз хуманитарниот конвој од страна на хеликоптер на режимот на Асад, транспортните камиони на ОН на турско-сириската граница, со одлуката донесена денеска, ќе продолжат да чекаат пред сириската граница.
„Прекинати се сите активности, на сите хуманитарни конвои во Сирија и оние што доаѓаат од надвор. Но и денеска продолжува испорака на хуманитарната помош од воздух. Продолжуваат сите останати хуманитарни програми, надвор од конвоите“, соопшти Ларке.
Ларке истакна дека се прекинати сите хуманитарни конвои што биле планирани за денеска, додавајќи дека е тешко да се прецизира кога тие ќе продолжат. Тој се надева дека, откако во Сирија ќе се отстрани загриженоста за безбедноста, хуманитарните конвои ќе можат да продолжат со испораката на помошта.