Elena Teslova
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - „Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, се очекува да земат учество на свеченото отворање на заедничката година на полето на културата“, соопшти денес турскиот заменик-министер за туризам, Ахмет Халук Дурсун, јавува Anadolu Agency (AA).
„Настанот е планиран да се одржи на 8 април во рускиот Бољшој театар“, рече тој, во своето обраќање во Институтот „Јунус Емре“ во Москва.
„На настанот ќе присуствуваат лидерите на двете земји, Русија и Турција... Секако, тоа ќе биде официјално најавено не од нас, туку од надлежните лица“, додаде тој.
Операта со наслов „Троја“, која се базира на грчкиот еп, ќе биде изведена од турски пејачи.
2019 година е најавена како година на руско-турската култура во двете земји.