Mümin Altaş
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Од Генералштабот на турската армија соопштија дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, досега се неутрализирани најмалку 303 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се наведува дека операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, северна Сирија, која започна на 20 јануари, со цел обезбедување на безбедноста и стабилносота на границите и регионот, неутрализирање на терористите припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на овие терористи, продолжува според планираното.
Исто така, се истакнува дека операцијата е покрената во рамките на турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија.
Како што се нагласува во соопштението, целта на операцијата во Сирија се само терористите и засолништата, позициите, оружјето, возилата и опремата на овие терористи, и дека преземени се сите мерки цивилите да не бидат загрозени.
„Во рамките на воздушната операција спроведена од страна на Воздухопловните сили уништени се шест позиции на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, користени како засолништа и складишта за минуција. Авионите кои учествуваа во оваа операција безбедно се вратија во базите. Во рамките на операцијата 'Маслинова гранка', досега се неутрализирани најмалку 303 терористи, припадници на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ“, се вели во соопштението на Генералштабот на турската армија.