26 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
МОСКВА (АА) - Рускиот хеликоптер кој превезуваше работници на нафтните наоѓалишта се урна во источен Сибир. Загинаа десет патници, додека 15 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптерот Helikopter Mi-8 Ми-8 полета од Игарк во регионот Краснојарск и се урна два километри подалеку од брегот на реката Јенисеи. Превезуаше работници на полето на нафтата и гасот Ванкор до кој во зима може да се дојде само со хеликоптер, и тоа со слетување на замрзната река.
Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на обвинителот кој рече дека во несреќата која се случи во четврток загинаа десет лица, а 15 се повредени. Истражувачите сеуште се обидуваат да ја утврдат причината на падот на хеликоптерот кој е во сопственост на авиокомпанијата Турукхан. Со Ванкор управува државната нафтна компанија Роснефт како со своја подружница.