Amina Zorniç
29 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Претседателите на земјите од регионот во зградата на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина (БиХ) направија заедничка фотографија по што започна средбата на процесот Брдо-Бриони, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата присуствуваат претседателот на Словенија, Борут Пахор, хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, српскиот претседател Томислав Николиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, косовскиот претседател, Хашим Тачи, претседателот на Албанија, Бујар Нишани и претседателот на Италија Серџо Матарела како почесен гостин на овогодинешниот состанок на лидерите на процесот на Брдо-Бриони.
Сите претседателски делегации беа пречекани од страна на домаќините на овогодинешниот регионален Самит, членовите на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ.
Темите на денешната средба треба да бидат прашањата за економска соработка и заедничките проекти од областа на енергетиката и транспортот.