Halit Süleyman
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ИДЛИБ (АА) - Во воздушен напад на пазар во Кафр Наблу, кој припаѓа на провинцијата Идлиб во Сирија, беа убиени 12, а ранети 23 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадникот на локалната цивилна заштита Омер Улван, рече дека нападот бил извршен од страна на авионите на сириската војска.
„Авионите на режимските сили го бомбардираа пазарот во центарот на градот. Покрај човечките загуби, избувна пожар врз многу возила и продавници. Тимовите на Цивилната заштита го изгаснаа огнот, но предизвикана е значителна штета“, рече Улван.
Според него повредените лица се хоспитализирани, а некои од нив се во критична состојба.