Mohamad Misto
05 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
ДЕРА (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад започнаа нов бран воздушни, артилериски и копнени напади на центарот од јужниот град Дера, во кој вооружените опозициски групи се обидуваат да ја задржат контролата и да ги заштитат цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори јавуваат дека силите на Асад минатиот викенд извршиле најмалку 150 воздушни напади на центарот на Дера, во кои се користени разорни барел бомби и импровизирани ракети т.н. „слон“.
Паралелно со воздушните напади се вршат и напади со артилериско оружје, а милитантите на странските групи извршуваат копнени напади на позициите на опозицијата.
Стариот дел од градот, населбaтa Дера Белед, патот до браната, бегалскиот камп и областа Нуајма се цел на најжестоки напади во кои настрадаа десетици цивили, а објектите и инфраструктурата се уништени во голема мера.
Силите на сирискиот режим го контролираат северниот дел на градот, Дера Махата (Нов град) и вршат големи притисоци кон јужниот дел на градот, Дера Белед, кој е во рацете на опозицијата.
Жителите на Дера се надеваат на побрзо продолжување на мировните преговори во Астана, со оглед на тоа што на почетокот од мај, Русија, Турција и Иран постигнаа договор за воспоставување бесконфликтни зони во Сирија, а една од нив е токму тој град.