Ferdi Türkten
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
СОЧИ (АА) - Пред почетокот на трилатералниот Самит меѓу Турција, Русија и Иран, на тема Сирија во рускиот град Сочи, беше одржана билатерална средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата меѓу двајцата претседатели се одржа зад затворени врати.
Ердоган, Рохани и рускиот претседател Владимир Путин денес во Сочи ќе одржат трилатерална средба за да разговараат за заедничките напори на теренот, како дел од политичкиот процес според платформата од Астана за изнаоѓање трајно решение за сирискиот конфликт.
Лидерите првпат се состанаа на разговори за Сирија во Сочи во 2017 година.
Турција, Русија и Иран се земји гаранти кои посредуваа во постигнувањето примирје во Сирија во декември 2016 година, што доведе до преговорите во Астана, кои се одвиваат паралелно со преговорите во Женева.