Fatih Hafız Mehmet
13 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека неиспорачувањето на поранешните турски војници кои учествуваа во неуспешниот обид за државен удар од 15 јули е неправилно, истакна денес извор од турското Претседателство, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган ги даде овие забелешки за време на средбата со Ципрас, на маргините на форумот „Еден појас, еден Пат“ во Пекинг.
Ердоган нагласил дека не-екстрадицијата претставува проблем меѓу двете земји и престојот на поранешните војници во Грција го нарече неправилен.
Тој, исто така, побарал од премиерот да преземе неопходни чекори со цел решавање на ова прашање, изјави изворот.
На 4 мај, грчкиот Апелационен суд ја отфрли екстрадицијата на двајца поранешни турски војници, а на шест други екстрадицијата на сличен начин претходно им беше одбиена.
Грчките судови ја одбија екстрадицијата на сите осум поранешни војници кои избегаа од Турција по неуспешниот обид за државен удар во јули минатата година, во кој загинаа 249, а речиси 2.200 беа повредени.
Поранешните војници се обвинети за вмешаност во неуспешниот обид за пуч зад кој стои терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен.
Турските власти континуирано бараа екстрадиција на осумте учесници во обидот за државен удар, ветувајќи дека тие ќе добијат фер судење во Турција.
Ердоган и Ципрас за време на нивниот состанок се согласиле дека разговорите за решавање на кипарското прашање треба да продолжат со позитивена агенда, додава изворот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претстојува во Кина по повод форумот „Еден појас, еден Пат“, што официјално ќе започне утре во Пекинг.
Форумот се реализира на иницијиатива на кинескиот претседател Си Ѓинпинг уште од 2013 година.
Претседателот Ердоган денес, на маргините на форумот, се состана и со пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Двајцата лидери се согласија за понатамошно забрзување на напорите за потпишување на сеопфатен договор за слободна трговија меѓу Турција и Пакистан.
Ердоган оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која се разгледани можностите за зголемување на меѓусебната трговија.