Kurbani Geyik
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, се сретна со потпретседателот на САД, Џо Бајден, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Турција го пречека Бајден во Палатата Чанкаја пред „Вратата на честа”.
Јилдирим и Бајден пред Палатата Чанкаја се фотографираа за медиумите а потоа започнаа тет-а-тет средба.
По средбата затворена за медиумите се очекува Јилдирим и Бајден да одржат заедничка прес-конференција.