АНКАРА (АА) - Документите за недвижниoт имот на Султан Абдулхамид II во периодот 1869-1908 година, на различни места, како во балканските земји, на Средниот Исток, Анадолија, Тракија, се чуваат во архивите на Дирекцијата за катастар и тапии на Турција. Во архивот има 7.756 документи на пререгистрирани недвижни имоти, јавува Anadolu Agency (AA).
Наследниците на Абдулхамит II одвреме-навреме се појавуваат со отворени постапки за да ги преземат имотите на нивниот дедо. Деталите за овие имоти се наоѓаат во Генералниот директорат за катастар, којшто е под надлежност на Министреството за животна средина и администрација со градовите на Турција.
Во изјавата за АА, директорот на Архивот, Зејнел Абидин Туркоглу рече дека на името на Абдулхамит II, во овој архивски центар се наоѓаат 3 илјади регистри за имотите.
„Во регистрите со коишто располагаме ние, коишто го опфаќаат периодот 1869-1908 година, на име на Абдулхамид II се регистрирани 7.756 активни и пасивни недвижни имоти во различни земји, како во балканските земји, во Тракија, на Средниот Исток и во Анадолија. Во овие регистри има документи за земја, лозови насади, градини, чифлици, конаци, куќи, мелници, рудници, маслинови насади, кафетерии и дуќани“, рече тој.
Истакнувајќи дека одреден дел од недвижниот имот по смртта на Абдулхамит II преминал во државна сопственост, Туркоглу рече дека нивниот точен број не се знае, затоа што не се прецизирани бројките во врска со чифлиците и објектите со коишто располага.
Абдулхамит II со 1.429 имоти во Албанија и во Македонија
Туркоглу изјави дека Абдулхмит II располага со 4.280 недвижни имоти во балканските земји, од кои 2.843 во Грција, 1.424 во Албанија, 8 во Бугарија и 5 во Македонија. Од овие, 220.023 хектари сѐ уште се на негово име. Во државната каса преминале 560.231 хектари, додека 1.328 хектари земја преминала во рацете на различни приватни лица.
Исто така, Туркоглу истакна дека на името на Абдулхамит II, во Турција се регистрирани 2.369 имоти. Тој рече дека овие имоти се наоѓаат во различни градови во Турција. Исто така, 391.573 хектари од овие имоти преминале во државната каса, додека другите 8.627 хектари преминале во рацете на различни лица.
Во земјите на Средниот Исток има 1.107 имоти
Директорот на Архивот, Туркоглу вели дека Абдулхамит II има регистрирано 1.107 имоти на целиот Среден Исток. Тој истакна дека според евиденцијата, Абдулхамид II располага со 390 имоти во Сирија, 333 во Либан, 223 во Палестина, 83 во Ирак, 60 во Саудиска Арабија, 10 во Израел и 8 во Либија.
„Од овие евиденции, 3.482.106 хектари сѐ уште се регистрирани на негово име. Во државната каса преминале 1.528.395 хектари, а 7.178 хектари преминале во рацете на различни лица“, рече тој.
Исто така, Туркоглу во својата изјава истакна дека овие документи се чуваат многу грижливо, во многу добри услови, исто како и другите историски документи.
Туркоглу истакна дека еден дел од имотите на Абдулхамит II по 1908 година преминале во државната каса: „Немаме информација за актуелната состојба на неговите имоти надвор од државата. Нормално, ова е прашање на меѓународното право. Ние работиме само за да ги зачуваме овие документи и да им ги прикажеме на оние што се интересираат. Досега ниту еден наследник на Абдулхамит не се јавил, ниту нѐ побарал нас“.
news_share_descriptionsubscription_contact
