?kipa
09 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
АНКАРА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад тврди дека извршен е напад врз одредени нивни бази од страна на странски сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција на режимот, САНА, тврди дека околу 04.00 часот по локално време е извршен ракетен напад врз воздухопловната база T4 која се наоѓа во Хомс, и дека во нападот има загинати и повредени.
Изворите на режимот, исто така, тврдат дека нападната е и базата Шајрат во Хомс.
„Вестите дека ние го извршивме тоа не се вистинити. Не можам да потврдам дека сме извршиле каков било воздушен напад во Сирија“, истакна во изјава за АА портпаролот на Пентагон, Кристофер Шервуд.
Од друга страна, портпаролот на израелската војска за АА истакна дека нема да дадат изјава околу овој случај.
Базите T4 и Шајрат се познати како бази од каде што полетале авионите на режимот кои во последниот период вршат напади со хемиско оружје врз Источна Гута.
Во двете бази се наоѓаат сили на Иран.