Soner Kılınç
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
АФРИН (АА) - СОНЕР КИЛИНЧ -
Турските вооружени сили (ТСК) во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ продолжуваат со расчистување на селата во Африн од терористите, при што е откриено дека терористите на ПЈД/ПКК вчерашниот напад во кој загинаа девет војници, го извршиле користејќи ги цивилите, меѓу кои и деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, северна Сирија, која започна на 20 јануари, е со цел осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, неутрализирање на терористите, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на терористите.
Операцијата е покрената во рамките на турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија, во чии рамки се вршат напади врз позиции на терористите.
Според информациите до кои дојде АА од безбедносни извори во регионот, терористите на ПЈД/ПКК одвреме навреме вршат напади користејќи ги цивилите.
Безбедносните извори соопштија дека терористите на ПЈД/ПКК на местото каде што вчера загинаа 11 војници, од кои двајца хеликоптерски пилоти, извршиле напад користејќи група цивили меѓу кои и деца.
„Командосите кои се наоѓаа на ридот во близина на селото расчистено од терористите отворија предупредувачки оган во воздух откако група од 70-80 цивили во попладневните часови се приближила кон нив. Оваа група цивили не го зела предвид преупредувачкиот оган и продолжила, движејќи се кон командосите. 16 командоси се тргнале кон групата со цел да ја спречат, додека некои од цивилите фрлиле рачна бомба врз командосите, а во исто време терористите на ПЈД/ПКК кои се криеле во селото извршиле напад со оружје и ракети. Првично загинале 9 војници од вкупно 16, додека хеликоптерот кој тргнал кон местото на настанот со цел да интервенира бил погоден, при што загинаа двајца пилоти“, истакнаа безбедносните извори.
Според соопштеното, по започнување на судирот цивилите избегале во селото, додека 40 терористи на ПЈД/ПКК биле неутрализирани од страна на командосите кои дошле на местото на настанот за помош, а останатите терористи избегале.
Безбедносните извори велат дека по неколку часа подрачјето било целосно расчистено од терористите, и посочија дека кога терористите на ПЈД/ПКК се во тешка состојба тие ги користат цивилите како живи штитови. Се истакнува и дека од започнувањето на операцијата, Турските безбедносни сили особено внимаваат на заштитата и безбедноста на цивилите.
Од друга страна, елементите на Турските вооружени сили продолжуваат со операцијата во регионт, заедно со припадниците на Слободната сириска војска. Се нагласува дека во ослободените села биле пронајдени големо количество рачно направени експлозиви како и замки, и дека пронајдените експлозиви биле уништени.