????? ????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
КУМАНОВО (AA) - Кошаркарскиот клуб Турк Телеком, во четвртиот натпревар во групата "Х" од ФИБА лигата, на гостински терен ја победи екипата Куманово со резултат 84-75, јавува Anadolu Agency (AA).
Турк Телеком добро го започна натпреварот, во првата четвртина стекнувајќи предност од три поени, со резултат 23-20, а полувремето го заврши со 42-36. Екипата на Куманово во третиот дел од натреварот покажа ефикасна борба, што допринесе за елиминирање на разликата и изедначување на резултатот 56-56.
Гостинскиот тим од Турција во завршницата ја имаше контролата на играта и повторно ја зголеми разликата , со што го совлада тимот на Куманово, со конечен резултат 84-75.
Со овој резултат, Турк Телеком, победувајќи во четвртиот натпревар во групната фаза, продолжи да биде лидер во групата. Најефикасен кошаркар на мечот беше Лукович од тимот на Куманово, со постигнати 22 поени, додека од гостинскиот тим, кошаркарот Јенкис постигна 19 поени.