Mehmet Tosun
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција во текот на 2016 година водеше опсежна борба против терористичката организација ДЕАШ, а во последните 12 месеци, турската полиција приведе вкупно 3.359 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација, од кои 1.313 се во притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството преку соопштение истакна дека ќе продолжи со одлучната борба против странските борци и терористи.
Во соопштението се наведува дека, досега, забранет влез во Турција имаат 52.075 лица, од вкупно 145 земји.
Паралелно со тоа, оваа година од Турција се депортирани 4.019 осомничени, државјани на 98 земји.

Меѓу вкупно 3.359 приведени во Турција за поврзаност со ДЕАШ има 1.485 странски државјани, а меѓу 1.313 задржани во притвор, има 679 странски државјани.
Во Турција, во последните пет години поради сомнение за поврзаност со ДЕАШ приведени се вкупно 7.015 лица, меѓу кои 2.712 странски државјани. Во притвор и понатаму се наоѓаат 2.304 лица, меѓу кои 932 странци.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека меѓу приведените странци во изминатите пет години, поради сомнение за поврзаност со терористите на ДЕАШ, има 994 државјани на Сирија.
Во истиот период, во Турција се приведени и 328 државјани на Русија, 235 ирачки државјани, 216 државјани на Кина, 133 државјани на Таџикистан, 82 државјани на Азербејџан, 61 државјанин на Мароко, 50 Египќани, 53 Узбекистанци, 37 Тунижани, и мал број државјани на други земји.