İlkay Guder
09 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Во телефонскиот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин, покрај меѓусебните односи разговарале и за последните случувања во Сирија. Исто така Ердоган во телефонскиот разговор ја изразил важноста за што поскоро пркенинување на огнот во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации од извори од Претседателството, турскиот претседател Ердоган вечерва телефонски разговарал со рускиот претседател Путин.
Покрај меѓусебните односи било разговарано и за последните случувања во Сирија. Исто така Ердоган во телефонскиот разговор ја изразил важноста за што поскоро постигнување на пркенин на огнот во Алепо.
Во разговорот, двајцата лидери истакнале дека во пресрет на празникот Курбан Бајрам прават напори да се обезбеди примирје и дека за ова цел се во контакт со САД. Тие се согласиле дека потребоно е да се интензивираат напорите за оваа цел.
- „Важно е да се исчисти границата од терористичките организаци"
Во телефонскиот разговор двајцата лидери разговарале и во врска со операцијата Штитот на Еуфрат и истакнале дека е важно да се исчисти турската граница од ДАЕШ и сите други терористички организации.
Турскиот претседател потсети дека жителите на Џарабулус и Ел-Раи, кои се наоѓале во Турција, полека се враќаат во својот град.
Во разговорот биле потенцирани прашањата во врска со соработката меѓу двете земји во енергетскиот сектор и почнуваењето на чартер летовите на релација Турција-Русија. Покрај оваа се разговарало и за нуклераната централа Акују и Турскиот тек.
Беше пренесено дека двајцата лидери истакнале дека во рамките на процесот на нормализација на односите се задоволни поради брзата имплементација на проектите за кои било разговарано на средбите во Санкт Петербург и Кина.