Ahmet Sertan Usul
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 41 припадник на терористичката организација е неутрализиран за време на неодамнешните воздушни напади кои турските сили ги извршија на новооткриените терористички упоришта на северноирачката планина Кандил, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните сили на земјата откриле и неутрализирале терористички засолништа во кои ПКК подготвувала нови терористички напади кон Турција.
„Операцијата е извршена на 22 март, а со дополнителни извидувања е утврдено дека притоа се неутрализирани 41 терорист“, се наведува во соопштението.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое се смета за лулка на терористичкото движење ПКК.
Паралелно со тоа, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, синоќа телефонски разговараше со ирачкиот колега Хајдар ал Абади.
Од Канцеларијата на турскиот премиер е соопштено дека шефовите на владите на Турција и Ирак ја изразиле важноста од продолжување на соработката меѓу двете соседни и пријателски земји.
Потсетувајќи на победата на ирачките сили над терористите на ДЕАШ, Јилидрим изјави дека од Ирак очекува иста посветеност и одлучност во борбата против терористичката организација ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничние региони на Ирак и Сирија се базираат на правото на Турција засновано на меѓународното право на самоодбрана и резолуциите на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Операциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичката закана.