Ekip
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
КИЛИС (AA) - Група оклопни возила на Турските вооружени сили (ТСК) влезе денес во сирискиот Чобанбеј за да ја поддржи Ослободителната војска на Сирија во борбата против терористите на ДАЕШ, јавувa Anadolu Agency (AA).
Возилата на турската војска ја поминаа границата и влегоа во сириското село Чобанбеј, кое се наоѓа североисточно од градот Алепо.
Од претходно, турските сили во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат" во борбата против ДАЕШ ја поддржуваат опозициската Ослободителна војска на Сирија на подрачјето на Џарабулус, источно од турско-сириската граница.
Тој град и околните села се очистени од терористичките елементи.