Munira Abdelmenan Awel
25 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Луѓето oд целиот свет доаѓаат во Турција за да уживаат во едни од најдобрите центри за слободно нуркање на светско ниво и единствените подводни активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција стана водечка земја на морскиот туризам, откако последниве неколку години воспостави најсовремени нуркачки центри и стотици објекти за нуркање.
Во Турција има 254 нуркачки центри што нудат спортови на вода како за туристите, така и за локалното население. Само во регионот на Средоземното Море има 83 нуркачки центри.
Едни од најпопуларните места за нуркање се Каш, Кемер, Чанаккале, Фетије, Ајвалик, Анталија, Мерсин и Бодрум. Покрај нуркачките центри, интересот за езерото Ван, исто така, се зголемува од ден на ден.
Претседателот на Федерацијата за подводни спортови на Турција (TSSF), Сахин Озен, за АА изјави дека нуркачките центри играат важна улога во зајакнувањето на туризмот.
„За време на летниот период тука доаѓаат туристи, нуркачки ентузијасти и многу други лица од различни делови на светот, за да ги видат нашите нуркачки центри и шарените подводни живеалишта. Интересот се зголемува секоја година“, изјави Озен и додаде:
„Имаме 254 активни нуркачки центри во нашите крајбрежни и внатрешни води, со стотици вработени инструктори и водичи. Нашите инструктори за нуркање се многу искусни, со меѓународно искуство и обуката за нуркање е безбедна“.
„Турција, исто така, со 52 обучени инструктори обезбедува нуркачки услуги за лица со хендикеп“, вели Озен.
Центарот за подводни активност Каш, воспоставен од страна на Светската конфедерација за подземни активности (CMAS) и Турската подводна спортска федерација (TSSF), се смета за еден од најдобрите во светот.
Озен изјави дека Каш претставува многу популарна дестинација за љубителите на подводни активности.
„Каш е најдобриот центар за слободно нуркање во светот и е домаќин на Меѓународното првенство по слободно нуркање. Оваа година во нашиот центар резервации за натпреварување направија атлетичари од 20 земји.
„За прв пат во светот бевме домаќин на европските и светски шампиони по слободно нуркање. Системот за одговор при катастрофи за безбедноста на нуркачките атлетичари беше високо пофален од CMAS и федерациите на другите земји. При длабинското нуркање и при итни случаи, имаме систем кој има способност да ги подигне нуркачите за 1,5 метри со стискање на едно копче за итен одговор. Исто така, имаме и специјална камера и систем за водење со кабли. Ние сме извозници на овој систем во светот“, изјави Озен.