Sarp Özer
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
АНКАРА (АА) – Деветнаесет терористи на ПКК, кои се подготвувале да извршат напад во подрачјето на турските воени бази, се неутралзирани во операцијата поддржана од воздух во турскиот град Хакќари, при што се запленети 2 противавионски големокалибарски автомати од типот ‘Дочка’, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Турските вооружени сили, вчера е извршена операција врз сепаратистичката терористичка организација во подрачјето на Јуксекова, во областа на градот Хакќари. Деветнаесет терористи кои се подготвувале да извршат напад врз воени бази биле неутралзирани во операција изведена со воздушна поддршка, при што се запленети 2 противавионски големокалибарски автомати од типот ‘Дочка’.
Во спроведената операција, во засолниште на припадниците на сепаратистичката терористичка организација (ПКК) во подрачјето на Киги, во градот Бинѓол, запленети се и 15 килограми амониум нитрат, кабел за динамит со должина од 200 метри, 50 батерии, 2 акумулатори, и 9 плински боци наменети за правење експлозиви како и средства за живот.
Од друга страна, во воздушните операции извршени на 24. март неутрализирани се 8 терористи, а биле уништени и 16 цели, во подрачјата на Метина, Зап, Авашин, Басјан, Кандил и Хакурк кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.