Tanju Özkaya
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Неутрализирани 21 терорист на ПКК во воздушни и пешадиски напади во планинската област на Узундере, планините Хисар и Гувен во месноста Чукурџа во Хакќари, југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на турската армија, единиците на командната трета пешадиска дивизија, во периодот помеѓу 00.09 и 07.08 часот, во планинската област на Узундере, планините Хисар и Гувен, во борбената операција неутрализирале 9 терористи.
Во 07 ч. 8 мин., во областа на планината Хисар, двајца терористи биле неутрализирани со беспилотни летала.
Исто така, воени авиони на турските вооружени сили во периодот помеѓу 08.26 и 08.28 часот, во истата област откриле група терористи, при што извршиле операција во која се неутрализирани 10 припадници на ПКК.
Во денешните воздушни и пешадиски операции во планинската област на Узундере, планините Хисар и Гувен, неутрализирани се 21 припадник на ПКК.
Повредените терористи во операцијата биле префрлени преку границата од страна на други припадници на терористичката организација.
Во судирите загинаа двајца војници, додека петмина беа повредени, по што се пренесени на лекување во болница.