Diyar Güldoğan
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Истанбул денес одреди мерка притвор за 118 осомничени, како дел од истрагата за инфилтрација на терористичката организација ФЕТО во турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Војниците во активна служба се притворени поради членување во вооружена терористичка организација“, истакнаа судски извори кои зборуваа под услов на анонимност.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.