Sarp Özer,Enes Kaplan
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Турција ќе продолжи со решителната борба против тероризмот и ќе продолжи да пружа рака на пријателските народи во целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган присуствуваше на свечената промоција на реализиранте проекти на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) и им се обрати на насобраните во Конгресната сала АТО во Анкара.
Претставени се вкупно 53 проекти кои ги реализираше ТИКА во вкупно 29 земји на четири континенти, а меѓу нив и реставрацијата на Емин-пашината џамија во Косово и гимназијата "Šejh Shamia“ во албанскиот град Скадар.
Истакнувајќи дека со интерес ја следи работата на ТИКА, која отвори канцеларии во 50 земји и реализираше проекти во над 140 земји од светот, додаде дека таа работа претставува гордост на нацијата и државата.
„По САД и Белика Британија, во 2013 година Турција беше трета земја по хуманитарното помагање во светот. Една година подоцна бевме втори, зад САД. Меѓутоа, гледано според односот на тие одвојувања и националниот доход, Турција е на прво место во светот. ТИКА има важна улога во тоа. Ние не се бавиме со строга евиденција на сето добро што го правиме, бидејќи пријателската рака за загрозените луѓе во светот ја пружаме во има на Бога”, рече Ердоган.
Осврнувајќи се на неодамнешните терористички напади во Турција, Ердоган рече дека постојат многу кругови и земји кои сакаат да ја видат Турција на колена и додаде дека токму тоа е позадината на терористичките напади.
Потсетувајќи дека оваа недела се одбележува Неделата на мачениците, по повод 101-та годишница од Битката на Галиполе, Ердоган рече дека турските сили за безбедност и во овој период водат предана и решителна борба против тероризмот и дека никому нема да дозволат загрозување на стабилноста и безбедноста.
Ги критикуваше земјите од Западот поради недостатокот на конкретни осуди и реакции на терористичките напади во Турција, а кои исто време прогласуваат „крај на светот” кога такви напади ќе се случат во Париз. Ги осуди и навивачите на холандскиот фудбалски клуб ПСВ, кои вчера ги навредуваа и исмејуваа бегалците и бездомнците на централниот плоштад во Мадрид, додавајќи дека тоа е слика на поголем дел од Западот, додека такво нешто не може да се види во Турција.
Осврнувајќи се и на пишувањата на одредени западни медиуми, кои тврдат дека Ердоган треба да замине од власт со цел Турција да биде стабилна, турскиот претседател рече дека истиот став го имаат и терористите и сепаратистите на ПКК, а сите кои тоа го тврдат треба да погледнат каква беше Турција предтходно, а каква е сега со Ердоган, за да им стане јасно колку грешат.
„Кога бевме избрани на власт во 2002 година, Турција беше зависна од помошта на другите, а сега Турција веќе не прима, туку дава помош. Тоа е голема разлика. Борбата којашто сега ја водиме во земјата и регионот е своевидна нова борба на спасот. Турција ќе продолжи со одлучната борба против злосторнците, а ќе ги помага загрозените и немоќните. Тоа е наша обврска како совесни луѓе”, порача Ердоган.
Ердоган рече дека победата на Турција над сите несреќи ќе биде воедно и победа на сите земји, и оние 140 во кои ТИКА ги изведува развојните проекти.
Церемонијата на претставување на проектите на ТИКА и обраќањето на Ердоган во Анкара го следеа и на собирите во Албанија и Косово каде што денес свечено беа отворени два реализирани проекти.