Mehmet Yılmaz
11 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
БУДИМПЕШТА (AA) - Министерот за трговија и надворешни работи на Унгарија Петер Зијарто изјави дека Македонија, Грузија и Босна и Херцеговина што поскоро треба да бидат поканети во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Нагласи дека НАТО би бил уште посилен и повлијателен доколку прифати нови членки.
"НАТО покажа храброст кога ја покани Црна Гора да стане членка на Алијансата. Во постоечките околности, во новиот глобален поредок, се појавуваат нови закани за НАТО од југ и од север. Потребно е да се забрза политиката на проширување на Сојузот", рече Зијарто.
Истакна дека е потребно што поскоро да се прифатат нови членки во НАТО сојузот, бидејќи како што рече, постојат многу закани по безбедноста во целиот свет.
"Унгарија сака Македонија, Грузија и Босна и Херцеговина што поскоро да бидат повикани во Алијансата. Интеграцијата на регионот на Западниот Балкан во НАТО спомнатиот регион би го направила уште посигурен", рече унгарскиот министер.